Новости

Женски муабети

Откриена е формулата за среќа! Прочитајте тука!

Според бројнитр научни испитувања и според милиони психолози во светот, среќатс… Упс… Мислам дека ве излажавме. Ние не испитувавме никого, не прсвевме анкети, туку свстивме дека за човек да е среќен.. па и не треба многу! Еве ја нашата формула што ќе ви го отвори апетитот кон позитивни аспирации!

Бидете добри кон себе си!

Живејте го моментумот!

Што и да сте направиле и погрешиле, прострте си!

Минатото е само приказна, а приказните остануваат во книгите. Книгите се ставаат на полица и потоа само се прераскажуваат, но и да ги препрочитате, никогаш нема да го имате она истото возбудливо чувство како првиот пат. Така е и со минатото. Затворете ја таа книга и оставете ја на полица. Живејте го моментумот!


Еднаш мора да разберете дека работите не секогаш се случуваат онака како што сте планирале, затоа што Бог секогаш има подобар план за вас!

Облекувајте се убаво, дотерувајте се!

Живејте здраво! Исхранувајте се здраво, спортувајте, грижете се за вашето тело и разберете оти тоа е составен дел од вашиот ум. А какви ви се мислите, таков ви е и животот. Oблечете ги мислите во нешто убаво.

Ѓаволот не го хранете со ефтино вино, нему му треба скап алкохол, но внимавајте нему никогаш не му е доста! Затоа штом ви дојде во посета, сепак, кажете му дека сте зафатени!

Не бидете одмаздољубиви! Кармата доаѓа од друг!

Правете го тоа што го сакате, а ако во моментот немате време за тоа, научете да уживате во она што не го сакате!

Негувајте ги пријателствата!


Заспивајте со молитва и будете се со молитва!

Заблагодарете се, не само да молите со своите барања!
Сонувајте!
Мечтаете!


Брендовите денес се, а утре не се. Замислете така е и со вас!

Не лажете! Игнорирајте ја болката и сменете го моментално фокусот!

Гответе со џез или како вам ви одговара!

Зрачете со онаква самодоверба што ќе ја милуваат другите, а не да ги ,,испукате”.

Направете го вашиот дом најпријатното катче од соништата. И бидете креативни, без да го празните џебот колку што знаете и не знаете!

Купувајте цвеќиња и домот нека ви мириса на секое годишно време.

Уживајте во снегот, уживајте во дождот, уживајте во цветот, уживајте на сонце! Се си има своја убавина и е совршено направена само за да ја видите.

Лично, не се согласувам со тоа оти светот не се врти околу нас. Се врти и тоа како. Па од каде да знаеме оти ова не е режија на Стивен Спилберг?Бидете најдобриот актер. Светот надвор од ова студио ве гледа!

Не плашете се и немојте да сте хипохондрик! Верувајте во судбина. Верувајте во она што е полесно, а не она што злобно го злосторува умот!

Сакајте се и сакајте ги сите околу вас. Благодарете му на презентот и спокојно легнете си на перница. Без грижи и совест!

Бидете хумани! Не берете поени со тоа за во Рајот. Правете се од срце.


Разберете ја нивната приказна, но имајте предвид дека тоа не сте вие.Има црвено светло и знак стоп штом се ставаш на местото на друг, па и во најлошиот човек и сценарио.

Бакнете го вашето дете и гушкајте го. Подарете му љубов и милувајте го неговиот живот! Покажете му го светот во најубаво светло!

Животот не се менува, вие се менувате во него. Време е да ја прифатите промената. Веќе сте навикнати на неа, но прифатете ја новата ,,јас”, запознајте ја, а редно е и да ја засакате!

Ако немате дете и партнер, не очајувајте и не барајте упорно нешто што другите го имаат! Тие го немаат она што вие го имате! Ланчаниот круг на завист и љубомора го кочи процесот на филтрирање и циркулирање на позитивната енергија и нема да бидете привлечни во него! Веднаш излезете ако сте во него!

Пуштете го, оти знате дека не е за вас! Без залажување! Ние жените сме сите сценаристи! Ех само кога една секунда би не разбрале мажите!

Дружете се со пријатни луѓе. Поминувајте го времето со убави мисли, муабети, во кругот на семејството и вистинските пријатели!

Бидете среќни и смејте се!

Пробајте, не ве чини ништо. Ова е без пари и нема ДДВ! Но, имајте на ум, оти само упорните успеваат. А за оние кои навистина се пронаоѓаат со моментното расположение, си знаат:,,Ако не паднеш најдолу нема да знаеш како да се вивнеш најгоре!” Вие најповеќе знате драги мои!

GOLD
To Top