Новости

Женски муабети

Бегајте од токсични врски и најдете човек кој ќе го уништи вашиот кармин, а не вашата маскара!

Во прафразата на оваа мисла се вли: „Жено, ти не си центар за рехабилитација на маж кој не е воспитан како што треба! Твојата работа не е да го поправиш него, да го промениш, да му бидеш родител и да го пораснеш! Не заборавај дека ти бараш партнер, а не проект!“

Во многу наврати, женското „лудило“ си знае да ги премине јасно нагласените граници, па така, по волја на вистината жените често сакаме буквално се да биде онака како што ние сакаме. И тука повторно би додале: „А што сме ние? – Жени. А што сакаме ние? – Не знаеме! А кога ќе го напраиме тоа што не го знаеме? – Веднаш?“. Но, ова е само вовед во она што следи. Малку самокритичност, но потоа не заборавајте на самоконтролата. Веројатно најповеќе нам жените ни е тешко да сфатиме дека животот не е онаков каков што од секогаш сме го замислувале, па ако веќе се наоѓате таму. вам ви е доцна да го менувате животот, светот околу вас, да го менувате НЕГО! Наместо тоа пробајте да го живеете моментумот и радувајте им се на малите убави нешта кои ги носи животот и покрај ситуацијата и местото кое и не ви е баш по волја. Но, повторно, се си има граница. А ако веќе очигледно е дека вие работите на т.н. проект, како погоренаведениот, веднаш заминете од тоа место. Таму нема пто да најдете, нема ни што да добиете. На тоа место има само сува земја, не би излегол никаков плод и на крај краишта вие вредите повеќе од тоа да бидете макотрпен работник и оаза во неговата „пустина“. Го заслужува ли тоа?

Знаеме дека е тешко, но се поминува, а  животот е премногу краток за тоа малку време да го поминувате во „растење“ на некоја друга личност, која очигледно едноставно не сака да порасне. Го има синдромот „Петар Пан“, но заробен во злобна душа и тело на возрасен човек. Парадоксално, но вистинито! Бегајте од токсичната врска во која се чувствувате дека си имате работа со дете, дека постојано се срамите од неговите постапки во друштво, од неговото оскудно знаење и владеење на она што се нарекува култура, бонтон и она што значи да се биде џентлмен.  Бегајте, затоа што заслужувате многу повеќе од тоа!
За крај, најдете човек кој би го уништил вашиот кармин, а не вашата маскара.

GOLD
To Top