Новости

Женски муабети

Без разика дали ќе се разведувате или останувате во брак, вашите деца се несреќни поради друго

Во денешново време, како да се случува невозможното во однос на светата институција, наречена „семејство“. Како да е апсолутно модерно и најнормално, доколку нешто не одговара во вашиот брак, веднаш да се одлучите на разделба. Без воопшто труд, денешните девојки и момци, не ја воздржуваат лутината, настапуваат бурно и нивните реакции ескалираат, презентирајќи хистерија, агресија, нервоза.

Но, револтот кој го чувствувате кон партнерот, не мора да го поднесува како проблем и вашето дете.

Често слушаме наоколу: „Нема да се разведеме поради детето!“. Не, подобро би било да се разделите токму поради него, затоа што тоа не е должно да ги слуша вашите караници.

Но, слушаме и:„Подобро е да се разделиме. Шо е должно тоа дете да ги слуша нашите караници?“. Овие вториве, веројатно се уверуваат во фактот дека се оние помудри родители, но несвесно продолжуваат да грешат, пласирајќи му ја секоја лоша информација од нивните случувања, секоја негативна страна на партнерот, секоја лоша карактеристика, особина.

Децата не се должни да живеат во светот на возрасните.

Pinterest

Најпрво, ваквите навидум„паметни“ родители кои решиле да се разделат, само за нивното дете да не ги гледа како се расправаат, ја одбираат уште полошата варијанта, полнејќи му ја главата со омраза, со неспокој, со мрачни и болни чувства кои подоцна ќе донесат трауматично влијание и лоши последици во неговиот живот. Фрустрациите на возрасните продолжуваат да се лечат со што на крај дури и тие се жртвите, со што сакаат наклонетост и бараат некакво внимание од детето, па го доживуваат истото како публика која мора да гласа за едниот или другиот родител и го приморуваат да превземе страна.

Разводот е само ваша работа. Дискутирајте сами, ништо од тоа не мора да правите пред детето. Не го инволвирајте во ни една расправија, па колку и да сте го замразиле партнерот, немојте да му влијаете и на неговото детстко наивно мислење. Тоа веднаш ќе прифати што му зборувате, но најповеќе ќе го прифати она мислење кое постојано го слуша, а другото кое го слуша повремено, ќе го занемари, па така…Честитаме, тоа ќе настапи од ваша страна. Но, кое е тоа да расудува? Зошто воопшто ви е потребна неговата страна. Кога тогаш, тоа ќе сфати што сте му правеле и верувајте тоа е психичко насилство кое подоцна кога ќе биде возрасен човек, ќе го натера да биде сигурен во мисли кои ветуваат дека не постои совршен брак, ќе очекува и ќе привлекува само интриги и лоши луѓе покрај себе и едноставно нема да верува во институцијата „семејство“, а вам двајца, постојано ќе ве обвинува. Другата варијанта е дека ќе стапи во брак, но кога ќе има свое дете, тој како родител, постојано ќе гледа да биде токму обратното нешто од вас, па и за најмала грешка која ќе потсеќа на вашата, тој бескрајно ќе се обвинува.

Пред разводот или пред воопшто да стигне до него и пред воопшто да избувнете и да се случи таа расправија, најпрво размислете за вашето дете:„ Сакате ли ваков живот за него?“ И за крај, конечно сфатете, секоја расправија во неговите очи се доживува како траума. Не ја преполнувајте неговата чаша, затоа што еден ден може да прелие и да се истури токму врз вашите рамена.

Евротип
Евротип
To Top