Новости

Женски муабети

Боб Марли уште одамна го даде совршениот совет за тоа како треба да се љуби една жена!

Уметноста поврзува и раздвојува. Уметноста е идеален начин да се покаже колку ви е нешто важно. Преку неа,  може да се објасни нешто многу повеќе отколку со обични зборови. Уметноста е љубов, а љубовта е жена. Барем така мислеше Боб Марли, а еве што кажува ова големо музичко име за љубовта кон една жена и како Таа треба да се љуби:

“Можеби нема да и бидеш прв човек, а нема да бидеш нити последен или единствен. Таа сакаше пред тебе и можеби ќе сака и после тебе. Но, ако те сака сега, дали има нешто друго важно? Таа не е совршена – но ниту ти .

Вие двајца можеби никогаш не сте совршени заедно, но ако таа може да те насмее, размисли два пати. Признај дека таа е сепак човечко суштество и грев, држи се до неа и дај и љубов колку што може повеќе. Можеби не мисли на тебе секоја секунда од денот, но ќе ти го даде делот од себе за кој знае дека можеш да го скршиш – нејзиното срце.

Затоа, не ја повредувај, не менувај ја, не анализирај ја и не очекувај повеќе отколку што таа може да даде. Смеј се кога ќе те направи среќен, извести ја кога ќе те полуди и остави да ти недостасува кога не е во близина “.

GOLD
To Top