Новости

Женски муабети

Бонтон правила кои мора да ги знае секоја вистинска дама

Бонтонот не е само прашање на однесувањето на мажите кон дамите, туку и на односот на самите дами кон себе и кон околината.

За да може мажот да биде џентлмен кон жените почитувајќи ги основните принципи на бонтон, жените мора да се однесуваат како дами во сите ситуации.

Затоа, погледнете некои основи на бонтон правила до кои жените мора да се придржуваат – без да коментираме дали тој бонтон го напишал маж или жена…

1. Дамата никогаш не ги држи лактите на масата.

2. Дали знаевте дека жената секогаш прва му подава рака на мажот? Исто така, постариот најпрво ја подаваат раката на помладиот, а обратно е знак на непочитување.

3. Ако шетате по улица со пријателка или некој друг, ако таа сретне и поздрави случаен минувач, треба да го поздравите и вие.

4. Во ресторан помладите стануваат кога на масата се приближува постар човек. Жената станува само ако е млада, а некој постар по возраст или положба се приближува до масата. Општо правило е дека кога некој ќе влезе во просторија каде што има луѓе, тој е првиот што ќе ги поздрави сите, без разлика на пол и возраст.

5. Човек кој е помлад по години, а е на висока позиција, не треба да очекува сите први да го поздрават.

6. Што се однесува до доаѓањето на состаноците, секогаш пристигнувајте на време и навремено извршувајте ги обврските – освен што сите ќе имаат само пофални зборови за вас, ќе го почитувате туѓото и сопственото време.

7. Чувството за хумор е добредојдена особина, но вистинската дама никогаш не ве исмејува – само се шегува на своја сметка!

Евротип
SNBROKER
To Top