Новости

Женски муабети

Важно ли е да знаеме што мислат другите за нас?!

Светот во изминативе години ја покажа својата сурова страна. А кога зборуваме за светот, овој пат мислиме на оние кои го претставуваат него, а тоа сме ние, луѓето.

Социјалните мрежи можеби се виновни за откривање на вистинските личности под маските кои до сега многу мина ги имале. Се разбира дека зборуваме за говорот на омраза,сарказмот, злобата, неукоста и храброста да се каже ,,нивното” мислење. Но, колку треба да го знаете нивното мислење за вас и што тоа би ви променило во вашиот живот?!

Претенциозното експонирање со фотографии на токму тие социјални мрежи, постојаната излезеност, насмевките и задоволството кое го покажувате на вашето лице од вашиот живот, не баш е прифатено од страна на останатиот свет. Пробајте да размислите подлабоко и да ја сватите ,,јамата” во која се наоѓаме или онаа т.н. дупка на лавот. Токму таму се наоѓаме, па и колку да негираме дека таа постои. Не само што постои, туку ние сме во неа, што значи дека е составен дел од нас.

Не се трудете да излезете од неа, не можете. Не се трудете да ги избегнете злобните луѓе на светов и лошата енергија, но пробајте да живеете малку ,,постишено”. Наш совет е да не предизвикувате преголемо внимание, затоа што не секој е среќен за вашата среќа. Нивната дрскост не познава граници и бариери, особено во ова моментно ,,лудило”, па во секој момент, луѓето ќе се дрзнат да ја уништат вашата насмевка.

Едноставно, најлесен начин да го измислите филтерот каде ќе се прочистува злобата и во вас ќе останува само позитивната вибрација е вашата благодарност. Бидете благодарни на светот, на Бог, на денот, сонцето и ноќта. А до нивното мислење, не мора ни да стигнете, затоа што верувајте не треба и не смее да ви биде важно!

GOLD
To Top