Новости

Женски муабети

Ова видео има милиони прегледи! Освојте го за една секунда – трик до заводлив поглед

Според психологијата, контактот со очите е примарен штом станува збор за привлечноста и флертот. Во врска со оваа тема, на социјалните мрежи кружи видео со објаснување како да се „изведе“ тој заводнички ,,eye contact”.

Всушност, резултатите од бројните студии укажуваат дека очите, т.е. погледот е првото нешто што мажите го забележуваат кај жената.

,,Psychology Today” пишуваше зошто погледот го зголемува степенот на привлечност. ,,Секрецијата на окситоцин го продлабочува контактот со очите, а со тоа и привлечноста се зголемува. Окситоцинот влијае на проширувањето на зеницата, што укажува на интерес. Колку е пошироко зениците, толку е поголема привлечноста“.

Една корисничка на социјалната мрежа ТикТок, Софи Роуз, откри дека има трик за ваквиот пристап. Нејзиното видео има над 800 прегледи станува вирално. Штом е толку популарно, веројатно трикот на Софи, кој треба да се случи секундарно, навистина делува.

Еве во што е стратегијата според неа:

* погледнете го во левото око
* спуштете го погледот надолу до усните и брадата
* повторно кренето го погледот нагоре во десното око

Погледнете го видеото и целосниот текст тука.

Евротип
Евротип
To Top