Новости

Женски муабети

Во искушение за афера! – Да ја отворите или да ја заклучите оваа врата?

Исушението веројатно е дел од човековата природа. Кој не паднал во искушение да гризне од отровното јаболко. Но, како велат, ѓаволот се појавува во убаво светло. Можеби токму затоа, во молитвата се вели:„Господе не воведувај не во искушение…!“ По се изгледа дека најповеќе се плашиме од себе си.

Веројатно е толку лесно човек да се сопне на тој камен, но кои се последиците? Пред да се дрзнете да го направите овој потег, размислете дали ќе биде тоа грешка и колку истата ќе му наштети на луѓето околу вас, на партнерот, на семејството, но пред се колку ќе си наштетите самите на себе си.

Аферите се случуваат, вистинити се тие приказни кои ги слушаме како сочни трачеви, но колку и да сте принципиелни, факт е дека барем како мисла, ова ќе ви помине низ главата, а потоа потсвеста може таа мисла да ја процесира како сон за кој ќе се чудите. Епа немојте да се чудите. Не е тоа само сон, туку во прашање се вашите таинствени желби. Но, важно е да не прифатите, што би значело да не погрешите.

Нормално е да помислите, и флертот е нормален и до некаде здрав за вашата самодоверба. Но, само толку и само толку. Заклучете ја оваа врата и не се осмелувајте да играте на оваа карта. Финалните последици можат да бидат горчливи и болни. Колку и навидум да ви изгледа почетокот како некој неважен флерт кој мислите дека ќе го прекинете кога и да посакате, тоа нема да се случи. Ќе потонете во таа јама и едноставно ќе тргнете по тој пат од раскрсницата на која сите би се нашле.

Секој човек има тајни и малку му треба на ѓаволот, за да ви прошепоти на уво. Од вас зависи дали ќе го слушнете или ќе го игнорирате.

GOLD
To Top