Новости

Женски муабети

Во 2021 бидете онаа жена каква што од секогаш сте сакале да бидете

Клише звучи кога пред Новата Година, барате идеи и совети за како тоа да свртите нова страна во вашиот живот, како да отворите нова врата. Но, можеби оваа изминатава година беше ,,најскокотлива” во однос на ваквите размислувања.

Постојано слушаме како 2020 беше најлошата година, но ајде како за промена да ја погледнеме другата страна. Да му заблагодариме на Бога за нашето постоење, да му заблагодариме на срцето што силно ни чука и со сите сили се избори во овој склоп на хаос, нестабилен систем, часовник кој малку застанал и го успорил светот. Време е да видиме каде погрешивме. Не е прашањето:,,Зошто сево ова се случи?” Прашањето е ,,Што понатаму? Што научивме?!”


Би требало да сфатиме дека многу работи не сме ги ценеле доволно. Тука се малите ситници кои сме ги земале здраво за готово, работата, излегувањата со пријатели, семејството, но секогаш и пред се, здравјето. До сега би требало веќе да знаеме дека ова е навистина една светска ,,поука”, едно советување и порака од страна на универзумот и тоа не дека треба да успориме како што тоа секаде го слушаме, ами да го живееме секој ден со полни гради, насмевки, уживање и благодарност.

Бидете благодарни во Новата Година. Бидете благодарни на светот, на вашето опкружување, на животот и вие во него. Оваа година повеќе љубете, намалете ја психолошката нестабилност и страв што ви носи болка и бидете баш вие оние кои веруваат во чуда. Оние кои штом го отворат прозорецот, пред себе ќе видат фантастичен пејсаж, а не пајажина на прозорецот кој ја оневозможува таа глетка. Борете се за животот и чекорете брзо, затоа што никогаш не знаеме кога еден ден сето тоа ќе застане. Продолжете храбро и заборавете на стресот, избришете ја тагата, соочете се со вашето его и консолидирајте го вашето алтер его.

Имајте самодоверба, дотерувајте се, не љубоморете, не споредувајте се. Освојувајте и испраќајте позитивна мисла кон универзумот дека сите бури ќе завршат. Штом сите имаме таква позитивна порака, верувајте дека часовникот на светот повторно ќе работи.

Бидете мудра во одлуките, не избрзувајте, но и не се осудувајте и бидете веднаш зад зад вашите одлуки.

Помолете се, верувајте во чуда, верувајте во позитивни нешта и не дозволувајте му на злото и тагата да ве голтнат во нивната замка.

Бидете среќна,здрава и онаква девојка и жена како што од секогаш сте се замислувале.

Оваа година измислете ја таа нова ,,јас” и отворете нова врата, испишете нова страница. Без тага, без солзи, без лоши емоции кои ќе ве туркаат назад. Затоа што ,,вчера” му припаѓа на минатото, а тоа ,,утре” е само ваш момент.

GOLD
To Top