Новости

Женски муабети

Вреди ли некој за вашето време да го поминете во солзи?!

Ни една жена не би сакала да биде со некој што ја лаже во очи, што недоволно се труди, што се двоуми, што чека некое зелено светло или таен знак за да биде решен за љубовна врска. Љубовта не предупредува, се случува! Ни една жена не сака да се бори како за двајца. На крајот од денот, колку и да изгледа силна и моќна, ТАА сака поддршка, некој што ќе и рече:

– Ти го можеш ова! Секогаш си добра и сигурен сум дека ќе бидеш одлична и утре!

Ни една жена не сака лажни ветувања, лажна емпатија, болка, неверство (па дури и да е љубовница). Ни една жена не сака да ја боли, но ја боли…Секогаш ужасно ја боли!

Никој не е вреден за вашите солзи. Никој не е достоен за вашите броени секунди. Никој не е вреден да чувствувате болка, тегоба, да имате кнедла во грлото и постојано да чекате. Да сакате да кажете, а да молчете. Никој не е вреден за да останете и да се затворите дома! Затоа исправете се и продолжете гордо, очи во очи со предизвиците! 

Евротип
Евротип
To Top