Новости

Женски муабети

Врските на 21виот век некогаш и сега – Вистина е ли дека девојките се рамо до рамо со мажите?

Од секогаш постела борбата за правата на жените во овој суров свет. Феминизмот го истакнал својот глас, нешто подоцна од времето кога жената била потценета, но од секогаш постоел тој внатрешен глас кај нив, за еднаш за секогаш да се излези на „бојното поле“ и девојките, жените да се конфронтираат со „џентлмените“.

Но, кога сме кај џентлмените, постојат ли тие сеуште и што се случи откако жените добија повеќе права? А добија ли? Врските во денешниот 21ви век, некако како да се конфузно сфатени, а одговорот на прашањето „зошто“ можеби лежи во тоа што мажите не знаат до каде е границата или нема граница? Што значи, можеби ние како жени ги добивме правата да можеме да рабтиме и да сме рамо до рамо со мажите, но дали нив им е јасно дека една жена сепак и покрај се треба да се чувствува како дама? Веројатно не. А еве и зошто:

*Во минатото жените биле третирани како скапоцено нешто, па и покрај обврските кои ги имале дома, сепак една жена требало да биде наградена со облека, подарок, накит, цвеќе. Каде е сега тоа? Или можеби тоа сега е сфатено како срамно од машка страна.

*Во минатото, можеби беше незамисливо жената да ја плати сметката на првиот состанок, но сега е тоа повеќе од јасно. Па што има да плаќаат тие? Нели и ние работиме и сме финансиски обезбедени?

*Кога сме кај состаноците, додворувачот ја земаше НЕА од нејзиниот дом и ја носеше до ресторан кој тој го одбираше. А сега, се чекаат на закажаното место, НЕГО дозволено му е да задоцни, да се срами кога некој продавач на цвеќиња ќе му понуди да и подари роза на девојката и одважно да рече:„Не благодарам!“ И се разбира ТАА не смее да каже ни збор околу таа „неџентлментска“ постапка и да не ја сфаќа сериозно.

*Порано жените биле навикнати на изненадувања и мажот бил оној кој кажува каде ќе одат, во кој ресторан, на кое патување, на која дестинација. Сега, повеќето мажи, велат:„Немам идеја, кажи ти каде да одиме!“

*Жените биле само домаќинки. Сега се и кариеристки и рабохоличари не само на работното место, ами и по дома. Од нив се очекува куќата да блеска, да е подготвен ручекот, вечерата, алиштата…Едноставно во секој момент една вистинска жена треба да го има волшебното стапче и целиот хаос да знае магично да го претвори во бајка. А ако не се согласуваме, тие би одговориле:„Епа што да ви правиме кога сакавте да бидете рамо до рамо со нас!?“

Каде е тука феминизмот мои дами? Дали ние самите се деградираме како личности, им попуштаме на нивните правила и сме послушни затвореници. Вистина ли е дека сме рамо до рамо со мажите и овој ли беше сонот за тоа како треба да изгледа една врска и еден брак? Затоа, внимавајте! Правилата се кажуваат уште на почетокот, уште на првиот состанок. не дозволувајте да изгледа дека сте живееле за „џабе“ и потоа да е предоцна.

GOLD
To Top