Новости

Женски муабети

Градите и задникот кај жените, не биле најпривлечни за мажите – тврди науката!

Стереотипот за сфаќањето дека мажите најповеќе ги привлекуваат жени со голем задник или гради, или можеби се вљубуваат во нивните очи, деновиве науката го побива. Според бројни анкети, една жена го привлекува мажот со нешто сосема друго.

Ако зборуваме за физичкиот изглед, мажите сакаат стомак

Па за разлика од жените, за кои многу добро знаеме дека прекумерната тежина предизвикува комплекс, тие го мислат спротивното.

Разбушавена и несредена коса.

Мажите повеќе се наклонети кон оние жени кои не се перфекционисти. Така, во поглед на фризурата, нив воопшто не ги привлекуваат жени со совршено испеглани коси и фризури. Напротив, тие бараат поприроден изглед кај една девојка.

Pinterest

Очила за гледање

Денес очилата за гледање не ги носат само оние девојки и жени кои имаат проблем со видот. Како што знаеме, очилата се дел од модерниот аутфит на една жена, а тоа го привлекува посилниот пол.

Pinterest

Заразното смеење

Насмевката е клучна за да станете допадлива, особено кај мажите. Заразното смеење, докажано е дека ги маѓепсува.

Pinterest

Пиродниот мирис, а не парфемите

Тие сакаат да мирисате природно. Новите истражувања, тврдат дека ним им пречи ако на себе носите било каков парфем. Можеби тоа се должи на фактот дека миризбите не носат во некои сеќавања, па можеби тука би настанал тој проблем затоа што тие би се потсетиле на некое не толку посакувано нивно минато.

Pinterest

Мажите сакаат жени без шминка

Денес се повеќе се преферира природниот изглед. Веројатно тоа се должи на безбројните туторијали на интернет за нападниот „make up“ кој има волшебно стапче од грдото пајче да направи вистинска принцеза. Изгледа дека на мажите доста им е од лага и затоа преферираат природни жени, без маска.

GOLD
To Top