Новости

Женски муабети

Двобој меѓу маж и жена: Средновековна практика на решавање на брачни спорови

Пред да бидат измислени судовите, паровите ги решавале споровите во брачен дуел во кој двете страни физички се решавале со палки и камења. Можете ли да го замислите тоа?

За да дојде до брачен двобој користени биле одредени процедури и прирачници во кои детално е опишано што треба да се направи.

Во минатото, борењето било доста популарно, иако било невообичаено да се гледаат жените како противници во рингот. Жената можела да учествува во тоа само ако треба да се брани од обвинувања за некое кривично дело.

За време на дуелот жените за противници најмногу ги имале своите сопрузи. Наместо да си ги решаваат проблемите како нормалните парови, тие едноставно побрзо би влегле во рингот.

Пред физичката пресметка, на паровите им се давала можност мирно да ги решат проблемите во рок од месец до два, или потоа да се соочат во борба. Дуел не би се случил само доколку парот сепак успее да се смири.

Сепак, доколку се стигнело до ,,тепачка”, жените добивале предност поради разликата во физичката сила. Во споредба со мажите кои имале поголема сила, на жените им било дозволено да стојат надвор од јамата, додека мажот бил фрлен во јамата од која ќе се бори.

Додека сопрузите не можеле да ја напуштат дупката, на жените им било дозволено слободно да трчаат околу работ на јамата. На жените, кои не биле навикнати на воено оружје, им давале камен завиткан во парче ткаенина. Мажите, пак, морале да се борат со дрвен стап со иста должина. Иако тоа воопшто не изгледало фер, судиите биле согласни за оваа одлука.

Потоа мавтале со стаповите еден кон друг додека еден не бил прогласен за победник.

Иако не било јасно како е избран победникот, се претпоставува дека се одлучувало врз основа на тоа кој покажувал повеќе сила и вештини.

Дали тоа било сурова борба до смрт или завршувало откако едната страна ќе сепредадела, никој навистина не знае.

Она што може да се заклучи од бројните извештаи за брачни дуели е дека тоа бил опасен метод за решавање на брачните спорови.

Евротип
SNBROKER
To Top