Новости

Женски муабети

Експертите тврдат: Ова се идеалните години за стекнување брак!

Бракот не е правило и не може да постои наметнат став и стега која ќе не ограничува во врска со неговото реализирање. Љубовта се случува инцидентно, но тоа е само според нас. А еве што тврдат некои други луѓе кои веројатно нашле математика и во ова!

Според новото истражување, постои идеално време за брак. Експертите Том Грифитс и Брајан Кристијан велат дека е најдобро да се венчате на 26 -годишна возраст.

Како што пишува „Mirror”, нивното правило вели дека откако ќе достигнете 37 проценти од завршувањето на нешто во дадена временска рамка, сте ја достигнале идеалната точка за важни одлуки.

Тоа би значело дека ако просечна личност ја бара својата подобра половина во периодот од 18 до 40 години, тогаш 26-тата година е идеална затоа што сте поминале 37 проценти од времето во дадениот период од 22 години.

Според оваа теорија, ако сте помлади или постари од 26 години, премногу ќе се карате со вашиот партнер и вашата врска едноставно ќе пропадне.

Се разбира, правилото од 37% не е совршено, бидејќи не го објаснува навистина фактот дека нашите вкусови можат да се променат во текот на таа временска рамка, па потоа можеби ќе бараме нешто сосема друго и ќе го промениме нашето мислење. Но, овие експерти тврдат дека врската е поверојатно да биде долготрајна при следење на ова правило.

СН Брокер
To Top