Новости

Женски муабети

Живеете за вас или за аплауз?

Живеете ли зад сопствената сенка? Или маска… Како сакате.

Се трудите ли да живеете за себе или можеби цел живот го барате туѓото внимание? Ви треба ли публика што ќе ве гледа како ја играте оваа трка?

Слаби сте, треба да се здебелите за другите да го видат тоа! Дебели сте, треба да ослабите за другите да го видат тоа! Треба да работите за другите да ви завидуваат на тоа колку сте постигнале. Не треба да работите само за другите да видат дека уживате во успехот кој лажете дека сте го постигнале! Мажена сте само за другите да ви завидуваат на некој совршен ,,фотошопиран” брак. Сингл сте, само за да овие мажениве ви завидуваат! Се облекувате како другите бараат, а не се осмелувате да го облечете вашето омилено парче, затоа што не сте сигурни дека ќе добиете аплауз за вашиот избор.

Треба ли некој воопшто да ве оценува?!

Сигурни ли сте дека треба постојано да се докажувате, да предизвикувате восхит и воздишки?! И што ако ве критикуваат? И што ако ви шлукаат?! Кои се тие, а кои сте вие? Треба ли за некој да живеете?

Ова не е театарска сцена, ова е токму вашиот живот. Живејте го во ваш филм, со сопствен стил. Бидете екстравагантна ако сакате. Бидете ексцентрик ако милувате. Опуштете се во вашето битие и одбијте им на глупоста на публиката што всушност постои само во вашата глава.

Евротип
Евротип
To Top