Забавни реплики од ,,Сексот и градот” и ,,Очајни домаќинки” кои докажуваат дека жените имаат навистина посебно мислење

,,Сексот и градот” и ,,Очајни домаќинки”, беа сериите кои ги полудеа жените ширум светот.
Извонредни филмски остварувања каде се заборува за стереотипите поврзани со жените и се нагласува правото на девојките, жените, домаќинките кои од своја страна знаат да се многу храбри, мудри и забавни.
Во овие серии се зборуваше за пријателствата, за моќта, за итрината и тактиката на токму тие ликови кои се олицетворение на многи жени од светов. Во продолжение, ние издвоивме неколку реплики кои ќе ве вратат во овие евергрини и секако ќе ве расположат.
,,Без разлика колку далеку одиш или колку брзо бегаш од него, дали некогаш можеш навистина да избегаш од минатото?”
„Кажи му на маж дека го мразиш и веројатно ќе го имаш најдобриот секс во твојот живот, но кажи му дека го сакаш и никогаш повеќе нема да го видиш.“
„Кулирај бејб. Сите понекогаш сме негативци во нечија приказна.“
„Сакам да ми бидеш кума. Како се чувствуваш околу тоа? – Исто како за ботоксот. Болно и непотребно.“
„Таа знаеше дека црвената е нејзина боја, знаеше дека дијамантите одговараат на се, но исто така знаеше дека…сите мажи секогаш и секаде се исти!“
„Парите не можат да купат среќа! – Ох, не душо. Тоа е само една лага која им се кажува на сиромашните за да не направат неред!“
„Добрите пријателки делат многу повеќе од оговарање…Тие ги делат и своите непријатели!“
,,Дали знаеш колку се досадував денес? Дојдов толку блиску за всушнпст да почнам да ја чистам куќата!”
