Новости

Женски муабети

Замислете да ве запросат со прстен од 24.679 дијаманти – Овој накит влегува во гинис!

За оние кои го чекаат долгоочекуваното запросување, замислете да ве „побара“ за негова вечна сопатничка со прстен од 24.679 дијаманти. Епа овај прстен постои и е проценет како накит со најповеќе скапоцени камења кои би влегле во Гинисовата книга на рекорди.

Станува збор за индиската компанија за производство на накит SVA Diamonds што го собори Гинисовиот рекорд со вградување на неверојатни 24.679 дијаманти во еден прстен.

„Остригите симболизираат бесмртност и долговечност“, рече Абдул Гафур Анадијан, генерален директор на SVA Diamonds во соопштението.

Сложената структура на прстенот е создадена од злато во пластичен калап за да се формира 41 лист. Секое ливче потоа е рачно украсено со природни дијаманти.

Сјајниот и спектакуларен прстен тежи 340 грама, а неговата вредност се проценува на 95.243 долари. Тим од независни гемолози го потврдија прстенот, а светскиот рекорд беше доделен уште во мај.

Креацијата „SVA Diamonds“,  има речиси двојно поголем број на дијаманти од претходниот рекордер. Харшит Бансал ја освои титулата во 2020 година со цветен дизајн обложен со 12.638 дијаманти.

Евротип
SNBROKER
To Top