Новости

Женски муабети

Знаевте ли дека расправијата е убава за бракот?

Ако мислите дека правилно е вашиот брак да е една тивка пловидба по мирно море, без ни најмалку расправии, вие тотално грешите.

Расправиите се квалитетни за бракот. Но, само ако знаете како да се расправате! Во нив може да се најдат многу грешки кои и тоа како можат да се поправат, но притоа морате да бидете и вие самокритични и да го заборавите егото. Никогаш, ама баш никогаш не користете го терминот,,развод”. Тоа во превод би значело:,,Се откажувам од овој брак, не ми е важен и ќе го изберам наједноставниот начин, а тоа е да се откажам!”

Во расправијата освен егото кое како што рековме треба да го оставите на страна и да сфатите дека за секоја таква настаната тензична ситуација некаде и вие грешите, а не секогаш сте во право, треба да го оставите и брзото кукавичко и непромислено откажување. Воедно, бидете културни во ,,дебатата” и никако не користете зборови и термини кои ќе го навредат партнерот. Со тоа само докажувате дека сте ,,фејлер” кој погрешил при изборот и не го почитувате истиот, односно не го почитувате вашиот партнер.

За крај, расправиите секаде ги има. Не сте единствени и тие се нормални. Но, пробајте да ги изретчите, да не барате некоја ваша замисла за него или да се споредувате со други парови или пак да барате ТОЈ да размислува исто како вас. Тука сме зашто сме различни. Ништо од овој свет немаше да функционира ако бевме исти. Инаку мора да имате на ум дека тие други парови го немаат она што вие го имате!

Епа нека биде тоа толеранција и внимателно избрани мисли кои откако ќе бидат пуштени во етер, нема да бидат зборови за кои подоцна долго ќе се каете!

GOLD
To Top