Новости

Женски муабети

Зошто не можете да одвоите време за вашите пријателки?!

Едно испитување вели дека една жена е здрава, доколку има задолжителни состаноци барем еднаш неделно со своите пријателки!!!
Ок, не е баш сигурно дали точно беше еднаш, но сигурно го пишуваше другото. Впрочем за тоа било испитувањето.

Зошто не знаете да одвоите време за вашите блиски пријателки?

Помеѓу купот обврски со кој се соочуваме и ни ги наметнува секојдневието, системот, кој и да е, или можеби ние си ги наметнуваме истите, зошто правиме се да е толку тешко, развлечено, досадно! Имаме толку голема желба да ги видиме тие среќни лица, а толку малку се вложуваме. Зошто состанокот со тие жени упорно го оддолговлекуваме и приоритет им даваме на понерелевантните задачи и обврски?!

А зошто воопшто да ги споредуваме другарките или да им даваме епитет обврска?! Зар тие се обврска?! Нели порано беа уживање?!

,,Навистина сакам да се видиме и да си поразговараме како некогаш! Мораме да оствариме средба!”

И потврдуваш, си ветувате дека ќе ја остварите средбата, ама и двете знаете колку само се лажете.

Зошто со најдобрите пријателки со кои ненамерно сме го оддалечиле контактот, упорно го оддалечуваме уште повеќе и ги оттурнуваме од нашиот живот наместо да го доближиме?! Тие се само жени кои не направиле ништо друго освен што ни го олесниле животот, постоењето и заедно сме оствориле среќни спомени на кои скокотливо се смешкаме, па некои од нив си ги држиме во тајност и воопшто не ги споделуваме.

Сетете се колку ви беше убаво во тие денови и потрудете се да се чувствувате исто како тогаш! И не, не беа тоа други времиња, не сте ни вие стара,само ве голтнала машината и толпата на која намерно или не, сте му направиле ,,copy – paste” на нивниот ум.

GOLD
To Top