Зошто сеуште сте сингл? – Самодоверба или можеби превисока самодоверба?

Постојано се прашувате каде грешите. Се сметате себе си а доволно совршена, убава и добра девојка која навистина заслужува некој покрај неа. Но, чувствувате како да постојано правите исти грешки. Можеби токму тука е тој ист камен на кој постојано се сопнувате, а во следните редови, пробајте да бидете самокритични и дали можеби ги правите овие грешки.
Погрешно ја имате сфатено самодовербата
Самодовербата не значи да бидете доминантна, нападна и дрска. Тоа не значи дека на секоја негова реченица треба да реплицирате, поентирате или што би рекле народски:,, на секој збор да ставате капаче“. Кога сте двајца, не заборавајте дека светот нема да се врти само околу вас.
Ако ве сака, не значи да бидете себични
Љубовта е и давање, не е само емање. Во тој поглед, би можело да се опуштите како да ја имате постигнато целта. Но, врските се нешто што постојано се гради.
Во кревет е едно, разговорот на ,,маса” е сосема друго
Во кревет опуштена без предрасуди, во кујна домќинка. Никогаш не заборавајте го ова правило и во друштво, бидете дама.
Ароганција
Мажите знаат да ја почувствуваат надменоста и нарцисоидниот суетен ѕид преку кој многумина не би се ни потрудиле да прескокнат. Попустливоста, нежноста, достоинството и скромноста се позитивните страни на една девојка која штотуку влегува во врска.
Премногу искреност
Има време и за она злоупотебуваното:,, во врска без лаги”! Има време за одредени симпатични (или не) рогови. За почеток, не откривајте се и бидете малку мистериозна. Нема потреба од споделување на минатото, особено не на тајните за вашите поранешни партнери.
Се лутите без причина
Понекогаш молчењето е злато, а во врска тоа знае да се нарече и компромис.
Очајност
Очајната жена се разликува по тоа што таа мора да биде во врска. Мора и моли, наместо да сака!
Имате високи критериуми и живеете во минатото
Постојано споредувате со некој екс партнер, помината приказна и креирате совршен маж, кој всушност постои само во вашата глава.
Не! Не мора да биде се по вашиот план:
,, Понекогаш ако само го пуштиш воланот, можеби ќе се најдеш на вистинскиот пат!”
Самокритичност
За крај, секако ако не сакате да пробате да промените нешто, сигурно би рекле дека погоренапишаното е голема глупост, но потрудете се да го погледнете огледалото уште еднаш. Во очи!
