Новости

Женски муабети

Како треба да се однесувате на првиот состанок?

Би започнале од надворешниот изглед и вашиот аутфит. Разбирливо е дека тремата преовладува кај повеќето жени и во согласност со високиот адреналин и желбата да го освојат можеби идниот партнер, најчесто ја претеруваат со нивната гардероба. Во овој контекст, вашата гардероба за првиот ,,дејт”, не би требало да е до толку експлицитна и провокативна. Сепак не е ова филм! Одберете нешто шармантно, секси, но пристојно.

Не излегувајте од границите со разговорот. Не го спомнувајте премногу вашето минато и не се отварајте многу. Не мора да зборувате за лошите искуства и не споделувајте ги вашите стравови. Во спротивно, не ги споделувајте и не ги пренагласувајте вашите успеси и достигнувања. Така, Тој или ќе ве надвладее во првиот случај или ќе се уплаши од вас.

Бидете насмеана, но не премногу.

Бидете сигурна и стабилна во однесуваето без разлика на она што може да ви се случи. Може да се случи да ви падне чаша на пример, но никако не правете драма од тоа и не велете:,,Многу сум несмасна, не знам што ми е!” Наместо тоа, можете да се насмеете и да си продолжете со разговорот со некоја друга тема што претходно од дома би ја смислиле. Избегнете презентација на вашата несигурност и измешани емоции.

Ас во ракавот. Секогаш имајте ја опцијата:,,Извини ме повика пријателот!” Можно е да доживеете тотално разочарување од спротивната страна, а за да го ,,откачите” културно, телефонот треба да ѕвони од ваша пријателка на која ,,ужасно” и требате. Клише кое секогаш успева.

Не се правете горда и после состанокот не барајте да ви се јави прв, но исто така не треба ни да го закажувате неговиот повик и да го молите со прецизен час во кој ќе бидете слободна за разговор. Со тоа сте предостапна и голема е можноста Тој да се уплаши.

За крај, никогаш со сигурност не знаеме што се крие зад завесата. Можеби излегол со вас за да заборави некоја друга приказна, па ако го нема недела дена, не се надевајте премногу и размислете добро! Но, не етикетирајте го како ,,идиотот” што ве изневерил. Затоа што ние жените имаме навика да ги етикетираме мажите како злобни личности по само една грешка. Наместо тоа, поминете си убаво и оставете го тој состанок, како една убава епизода од вашата животна приказна.

Продолжете понатаму без драма! Сепак…ова не е филм! Секогаш имајте го тоа на ум!

GOLD
To Top