Новости

Женски муабети

Кои всушност ви се вистински пријатели?

Вистинските пријатели знаат да ве навредат без да се налутите!

Вистинските пријатели знаат ,,да ви влепат шамар” штом навистина сте во хаос, а не да ве правдаат за постапките во кои грешите!

Вистинските пријатели знаат да ве сослушаат и да сочувствуваат со нив без да ви дадат совет, оти знаат дека вие го знате, ами едноставно сакате да си кажете што ви лджи на душата!

Вистинските пријатели и да се ролку далеку се блиску. Ќе ги орепознаете штом ги споредите со оние блиските, кои ги чувствувате далеку!

Вистинските пријатели знаат да ву укажат на патот кој ќе го одите. Тие ги предвиделе сопките и трњата, па ве предупредиле за местата на кои може да се сопнете!

Вистинските пријатели ве охрабруваат и кога јжсте ја изгубиле и последната надеж!

Тие не ви кажуваат ,,лажги со опашки” ако за нешто не ве ,,бива” само за да ви биде убаво. Ами ви укажуваат каде грешите и не дозволуваат да продолжите ако е така… Дури по цена и да не зборувате никогаш!

Вистинските пријатели не се тука само за во добро, ами секогаш се тука и во лошо!

Тие никогаш не ви даваат лажни комплименти, искрени се и не преферираат лажна мудрост и есапење на пријателството!

Чувајте ги! И да се далеку, сакајте ги! Гушнете ги во вашиот живот и заблагодарете му на Бог што ги имате, а ако не ги пронаоѓате вашите во ова, тогаш размислете убаво дали сте со вистинските!

GOLD
To Top