Новости

Женски муабети

Контакти со пријателите – Што всушност значи ако упорно ја избегнувате средбата со нив?

Пријателите се ваше олицетворение. Тие зборуваат за вас. За вашиот карактер, вашиот темперамент, вашата добрина, вашата лоша страна. Понекогаш колку и да ви изгледа дека вие сте комплетно различни, верувајте дека не е така. Затоа што во нив секогаш има еден дел од вас, макар и најмал. Впрочем и затоа сте со нив.

Доколку ги раздалечите и намалите контактите, тоа нема да зборува само за нивната неодговорност и нестабилен карактер, туку, најповеќе ќе зборува за вас.

Во таквите моменти, кога не се гледате со вашите пријатели извесен или долг период, би требало да се запрашате, велат психолозите, дали нешто се случува со вас? Дали се тоа натрупани обврски, брзиот живот, семејството пред се, работата или можеби сето тоа е само „театарска“ завеса спуштена пред сцената зад која се криете и стоите во место. Избегнувањето на контактите со пријателите, следствено може да значи дека вие сакате да заборавите некој дел од себе си. Размислете околу оваа интересна констатација и преиспитајте што всушност потсвесно во вашиот карактер не ви годи?

Кој е тој пријател кој го избегнувате? Токму во него се криете вие зад завесата. Зошто имате потреба да се ставите на пауза во таа форма? 

Откако ќе ја решите мистеријата и конечно сами ќе се погледнете во огледало или ќе застанете очи во очи со вашето алтер его, јавете им се на пријателите и уживајте во нивното друштво, без оваа непотребна тежина што претходно сте ја чувствувале.

GOLD
To Top