Новости

Женски муабети

Кој ги пишува правилата за тоа како треба да живеам?!

Има ли правила? Каде треба да се обратиме, па да прочитаме кои се законите на однесување?!

Освен бонтонот и културата, постоеле и други правила, а истите ја следат балканската мизерија и конзервативноста.

,,Што ќе речат луѓето?!” за жал е сеуште најпопуларното мото на многумина, па истите тие многумина знаат ,,уфирцани” во лажни одела, да глумат бонтон надвор во друштво, а на места каде што треба да бидат културни и емпатични, шират омраза, говор на омраза, завист и неминовна љубомора. Освен тоа, го искажуваат нивното внатрешно зло и прават што сакаат. Но, надвор секогаш е:,,Внимавај! Што ќе речат луѓето!”

А луѓето и онака ќе речат, ќе заприметат, ќе искоментираат. И не поминува тоа само како мисла во нивната глава, туку мора да биде кажано гласно или во писмена форма да бидете известени дека не баш им се допаѓал вашиот стил на живот!

А кој треба да ви каже како да живеете?!

Нели е доста од совети, од кадри и некадри од статии како:,,Неколку работи кои ќе ви помогнат да…” Или:,,Седум совети за…” Нели доволно сме поучени?! Уште ли треба да внимаваме на грешките? На нас, на себе си?! На тоа што другите ќе речат за нашата ,,дива” или ,,смирена” природа? Кој е оној кој суди?! Денес, оставете се и конечно бидете свои, уверени во вашите ставови, во вашите визии, во вашиот однос кон егзистенцијата и битисувањето во ова сонување наречено живот! Никому не му се оправдувајте за вашите чекори, за вашите проблеми, за вашиот пристап, за вашата облека, за вашето ,,килце плус или минус”! Тоа сте вие!

Сакајте се, а што мислат другите, тоа е нешто што само ќе ви ги повтори размислувањата и одново ќе ви создаде проблеми што дополнително ќе ве згрозат и ќе ве вратат чекори назад! Триумфирајте со мат, не само со шах!

GOLD
To Top