Новости

Женски муабети

Кучиња што лаат, не касаат! – Престанете да ги занимавате оние кои ве оговараат!

Конечно научете да не се преоптоварувате со оговарањата кои се упатени кон вас!
Почнувајќи уште од вашето детство, назад во школските денови… Ако сте учеле сте биле оговарани зошто сте учеле и ве сметале за бубалица. Ако не сте учеле, пак ве оговарале дека сте неписмена. Ако сте знаеле да бидете први и најгласни во друштво, па сте биле зборлести, вие бевте брбалица. А ако сте молчеле вие сте биле чудна.

Ако сте се одлучиле да студирате во странство, вие или сте биле мамина и татина ,,маза” или пак сте сакале да избегате од овој мал град и таму да можете да правите што сакате, па трачот кружел дека сте живееле развратнички и раскалашно. Ако сте се вработиле, тоа сигурно со партиска книшка било или со силни потегнати врски. А ако не сте се вработиле, тоа е поради тоа што сте му станале љубовница на шефот уште непочнати на работа.

Такви се изворите, кои секогаш се непознати, ама сигурни де!

Ако сте се омажиле, ќе речат:,,Колку беше паметна девојкава, што и текна да се омажи!” Ама ако не се омажите, вие секогаш сте ,,стара мома” и сигурно тоа е со причина. Лоша. Од ,,сигурни” извори. Ако немате дете, тоа било бидејќи не можете и сите ве гледаат со сожалување, а пак ако имате, сте го направиле пред бракот, па затоа сте побрзале за свадбата.

Секогаш ќе ве оговараат и ним никогаш нема да им биде доста. Но, вам до каде ви е лимитот на толеранција? И значи ли прекршувањето на истата да се рефлектира во ужасни расправии и докажувања или можеби во рамнодушност?!

Еднаш треба да разберете дека луѓето до крај ќе го играат нивниот расипан телефон, а ваше ќе биде само од страна да си се смешкате и да не им ги задоволувате апетитите чувствувајќи тага, очај и нервоза. Наместо тоа, исправете се и гордо чекорете напред, оставајќи ги гладните кучиња само да лаат. Затоа што убаво ни е познато дека ако лаат, не касаат!

GOLD
To Top