Новости

Женски муабети

Мажите никогаш нема да научат да ги читаат мислите на жената! – А сега тоа е и научно докажано

Расправиите веројатно се составен дел од бракот, колку и да го негираме тоа. Веројатно и на принцевите и принцезите од бајките ни им било туку така лесно она: „…И така среќно си живееа!“. Да бидеме реални, кавгите постојат, има тензични ситуации каде мажите можат да ги извадат жените од такт. Но, што вели науката? Можеби полесно, можеби навредливо, но во секој случај ова е откритие кое би требало да влијае полесно на нашиот мозок, па и прашањето на жените: „Зошто не ме разбира што сакам да кажам?“, конечно ќе завршат во историјата и да се реши. 

Следствено, науката застана на страната на мажите и потврди дека тие навистина имаат проблем со разбирањето на нивните поубави половини. Новото истражување покажа дека мажите не се виновни што не ги разбираат жените!

Колку и да се трудат да ги разберат своите сопруги, нивниот мозок функционира сосема поинаку.

Се скаравте со партнерот. По расправија, седнувате да разговарате за вашите разлики и се трудите најдобро да му објасните на мажот што згрешил, но тој едноставно не го сфаќа тоа.

Дали сте запознаени со оваа ситуација?

Зошто мажите не ги разбираат жените?

Истражувањето објавено во „National Library of Medicine“ покажало дека мажите имаат двојно повеќе проблеми со дешифрирањето на женските емоции.

Најтешко им е да читаат емоции од нашите очи, или со други зборови – да заклучат како се чувствуваме и што ни пречи кога ништо не им кажуваме.

Машките проблеми во препознавањето на женските емоции првенствено се поврзани со тешкотиите во извлекувањето на релевантни информации од пределот на очите, кој е еден од најбогатите извори на социјални информации за припишување на емоционални состојби на други личности.

Така, доколку денес сте тажни, а вашиот маж не го препознал тоа, неговите постапки можете да ги оправдате со вистински процеси во мозокот кои се карактеристични за мажите, пренесува tuzlanski.ba.

Истото истражување покажа дека оваа теорија во некои случаи важи и обратно, па мажите побрзо ќе препознаат лут маж по изразот на лицето, а на жените ќе им треба двојно повеќе време за да го донесат тој заклучок.

Откривме дека таканаречената мрежа на теорија на умот и мрежата на емпатија на мозокот се во основата на процесите потребни за разбирање и споделување на мислите, чувствата и намерите на другите луѓе. Во овој случај, постојат длабоки разлики меѓу машкиот и женскиот мозок, особено во машкото препознавање на женските емоции“, велат авторите на студијата.

„Наведените мрежи, доадаваат авторите, помагаат во заклучување на менталните состојби и предвидување на верувањата и намерите на другите луѓе, а кај мажите се помалку развиени“.

Мажите никогаш нема да научат да ги читаат мислите на жената

Истражувањата заклучиле дека мажите не можат да ги читаат женските емоции. Оваа теорија на умот е еден од основите на емпатијата, па произлегува дека мажите се помалку емпатични кон жените, без разлика дали се работи за странец или некој со кој се во романтична врска.

Иако мажите знаат да не „полудат“ кога не не разбираат, за тоа можеме повеќе да ја обвинуваме биологијата, а помалку незаинтересираноста.

Евротип
SNBROKER
To Top