Новости

Женски муабети

Модата и стилот на италијанските мажи – Светлосни години далеку од нашите ,,мажиња”

Брендирана облека, високи стандарди, пура во устата, скапи часовници, кожни обувки, костум, ,,ун еспресо” и…Мама мија!

Италијанските мажи! Уф.. Од каде да започнеме за да им објасниме во што грешат овие денешниве тренсетерчиња, мамини синови, емовци,кремковци, кабадаи, голич кабадаи. Веројатно сте далеку! Вам ви е срам и сметате дека тоа е ужасна постапка што ја карактеризираат само оние на кои тестостеронот им е ,,лоу”, ако облечите костум,ако се дотерате, ја исчешлате косата, па не дај Боже ако ставите шарени чорапи или боси да ги облечете чевлите.

Шпринките се чуден израз на ,,преправајнци” по вашиО речник, а шеширот не иди во предвид оти така ќе си речат оти сте излегле од циркус. Мода? Што е тоа? Што би рекле вие:,,Да им кажите на тие од големите метрополи оти ние кај нас тој ременО од Версаче го викаме опасач!” И стварно го викате!

И дури еден Италијанец ќе знае да ја шармира дамата со буќет рози, вие ќе ја шармирате доцна во ноќта дури си идите дома од меана и сопнувајќи се од секој предмет на патО до ,,успехО” или креветО до целта која баш и не ви е лесно да ја ,,освоите”, ќе баздите на срам, ракија, макало и бочва вино. И дури еден Италијанец мириса на скапо старо вино и јади шпагети со болоњезе, вам не ви иди ни на памет да боцните таква работа оти салам ќе се излигајте, бербат и резил ќе се сторите. И дури еден вистински маж се додворува, знае како, ужива во нејзиното друштво, елоквентен е и културен,вие ги мањачите чупињата по фејсбук и пишите на чат во 3 сабајле: ,,Маче слободна си? Жената ми спие…”

И дури еден вистински маж знае како, вие не сакате ни да дознаете, да слушнете, да разберете оти пилињата на мама и тато, ќе си ја повредат ,,машката” гордост, ако се џентлмени, убави, достоинствени и фини! Али нема везе и фала Богу чест на исклучоци, а на тие девојки кои завршиле со исклучоците, им честитаме!

GOLD
To Top