Новости

Женски муабети

Мултитаскингот е својствен само за жените – Што се случува со нас? Каде е нашиот глас девојки?

Светот одамна неофициално е полуден, стереотипите се случуваат од секогаш и не е класичен баук дека жената е онаа втора карика во модерниот свет. Втора, но никогаш прва. Во последните години, неизбежно е човек да се стави во позиција на разгледување на оваа наша „тркалезна“ битка, но и да стигне до дискусија дали воопшто истата е тркалезна. Нели? Хм…

Далеку од феминистички побуди, но може и малку поблиску од тоа претходно раздалечено од нив. Зборот ми е, девојки, жени, мајки, баби, тетки, пријателки, колешки знаете ли што ни се случува? Ете сега ќе ви раскажам.

Pinterest

Има еден термин кој се нарекува „мултитаскинг“. Истиот се употребува за да се објасни дека човек може или има моќ да направи повеќе работи во исто време. Барајќи по социјалниве мрежи фотографија поврзана со оваа терминологија, се донесов себе си во зачудивачка јама од прашалници и императивни извичници од некој таму во светов кој изгледа дека ни кажува каде ни е местото, па на сите фотографии беа претставени жени. По се изгледа, ние најдобро ја опишуваме дефиницијата што се крие зад овој збор:„ Способност на оперативниот истем да изведува повеќе задачи во исто време!“

Pinterest

Кој е тој некој и каде е нашето т.н. хиерархиско место?

Во контекстот на муабетов или на женскиов ни муабет,(затоа што ни еден маж не би се замарал со текстов), во многу од фотките на кој јасно се отсликува и објаснува овој збор или овој човек – систем, кој е спремен за се во секое време, човек на кого не му треба одмор, човек кој може, може и секогаш може, се отсликуваат само жени. Каде се мажите во тоа и зошто ја имаме само ние таа способност? А ја имаме ли? А ја можеме ли? Умееме или мораме? А зошто пак тие да не мораат!

Pinterest

Уз кафе со моите девојки, заклучив дека ме мачи некое чувство дека се некако беспредметно си молчиме. А и тие си молчат. Ние си молчиме за тоа што го правиме, а тие си молчат за тоа што не го прават. Сите си молчиме и си ја „бркаме“ работата. Но, зошто тогаш се жалиме? Зошто едноставно не се прифатиме ние на второво место или некое скалило и подолу можеби. Најдов на многу различни мислења од моите пријателки, кои набрзина го шмркаа своето кафе, го држеа мобилниот телефон на кого им стигаа пораки од нивните шефови, од нивните мажи, од нивните деца… Ред муабет, ред одговори на пораките. И додека палеа цигара и се лажеа дека им е пријатна средбата, постојано го гледаа часовникот и иако не признаваа, таа класична  „штоперица“ им отчукуваше и голтките стануваа се поголеми.

Но, сите молчеа и не си го осудуваа животот. Ним убаво им било во таа кожа и ако ние сме зборувале тогаш би изгледале, нели како оние досадни „женчиња“ пред мажите. Па, затоа е најдобро да молчиме и стратегиски да делуваме. До кога со стратегија и тактики и интриги? Веројатно е тоа шармот на овој современ избледен колорит. Тоа е шармот на она што се вика „се во едно“. Шармот на подочниците до колена, шармот во здолништето под кое се кријат испуштени вени, шармот во петминутното кафе со фуриозно живеење, шармот на неспиењето сокриено зад лажната „фризура“ и истуширана фтока на социјалните мрежи, шармот во заводливата насмевка под чиј кармин се крие најтажната жена на светот, шармот на маскираната шминка на заводливите очи под кои скришно течат уморни солзи, шармот на црвениот фустан под кој се крие најсилното суштество во светот. ЖЕНА

….Го испивме кафето, го погледнавме часовникот, ја изгаснавме                                                                                        цигарата… Станавме, набрзина се испративме, си кажавме што си имаме                                                                        и со брзање заминавме да ги дозавршиме нашите обврски.

GOLD
To Top