Неколку знаци дека детето во вас никогаш не старее

Некои луѓе се однесуваат како што им наредуваат годините, некои предвреме стареат, но некои никогаш не се откажуваат и знаат да го чуваат детето во нив! Еве неколку знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали и вие припаѓате на последната кагегорија:
Никогаш не се откажувате од соништата!
Сеуште верувате во чуда!
Уживате во игрите со вашите деца и ја будите нивната креативност!
Секој ден вашиот живот одново
започнува и се раѓа!
Штом слушнете музика, вие веднаш почнувате да играте и пеете!
Никогаш не се жалите!
Оптимист сте!
Во друштво секогаш кажувате шеги и се смеете!
Знаете да се забавувате, знаете даш се смеете, а не се плашете и да заплачете, па ако треба и за ситници.
Ви звучи ли се ова како асоцијација за среќни луѓе нели? Но, среќата е безгрижно чувство, а само децата знаат да бидат секогаш безгрижни! Бидете среќни и чувајте го и негувајте го детето во вас!
