Новости

Женски муабети

Не е крај на светот – Како да се справите со емоциите кога партнерот ве одбива?

Болката е неизбежна кога добиваме пораз. Никој не сака да му се случи неуспех, но очигледно сето тоа е составен дел од животот .Одбивањето никогаш не е пријатно. Без разлика дали е на работен пан или на љубовно поле. Тогаш постои чувство на срам, непријатност, можеби дури и лутина и бес, а болката е неизбежна.

После тоа може да се случи да станете тврдоглави, а потоа да тргнете уште порешително кон остварување на целта, но сето тоа може да има и демотивирачки ефект, па може да влијае и на самодовербата, пишува 24sedam.

Најголемиот проблем се јавува ако не знаете како да се справите со одбивањето. Покрај тоа, лесно може да доведе до депресија. Затоа е важно да се знае што и како е правилно да се прави во такви ситуации.

Дозволете си да ја почувствувате болката

Пред сè, важно е да се прифати фактот дека тоа навистина се случило. Што значи колку и да е тешко, дозволете си да почувствувате болка. Тој процес трае и со себе носи многу солзи и многу тага, но важно е да знаете дека ќе помине, само ако дозволите.

Чувајте се

Тагата, лутината и чувствата на депресија се класична реакција на одбивањето. Ако сакате да врескате и да плачете гласно, треба да знаете дека тоа е сосема нормално. Сепак, дури и да го направите тоа, нема да ви помогне да ја надминете таа болка. Затоа, грижете се за себе и ослободете се од негативните емоции на здрав начин. На пример, вежбајте или медитирајте.

Разберете ја причината за одбивањето и намалто го егото

Понекогаш е толку лесно да се удавиме во сопствената тага, што често забораваме да направиме една многу важна работа, а тоа е да испитаме зошто се случило отфрлањето на љубовта. Прегледајте ги вашите постапки и обидете се да ја видите пошироката слика, па дури и онаа од негова гледна точка, бидејќи можеби ќе добиете подобра идеја за тоа што е тоа што го натерало партнерот да ве одбие.

Дали мислевте дека можеби сте премногу напорни или дека тој едноставно не е подготвен за врска? Ако ја пронајдете причината, би можело да ви биде многу корисно да ги надминете сите лоши чувства.

Ивор на насловна фотографија: print screen/google

Евротип
SNBROKER
To Top