Новости

Женски муабети

Не мешајте ја љубовта со секс

Постојано флертувате и веруваме дека навистина ви е лесно да излезете на состанок, да го заведите…

Но, сетоа тоа, целата таа приказна, секогаш завршува во кревет. Нешто очигледно не е во ред!

…И само пто сте си помислиле дека ,,Тој е тој”, не добивате никаков фидбек и телефонот изгледа како да се расипал, па никако да заѕвони и да го покаже неговиот број иако после жешката ,,игра” во постела, тој ви ветил дека ќе ве побара. Љубов или можеби…само секс?!

 

Проблемот не е во фактот што ете сега ние ова ви го кажуваме. Проблемот е што знаете за сето ова, но едноставно не сакате да признаете дека вие не сте вљубени, ами само имате добар секс. Лекот е многу провиден, го држите во рака и можете да го имате за многу малку пари. Тргнете од ,,најпростите” нешта и заклучоци. Тој води љубов со вас или нешто друго?! Страст или сакање?! Зошто да ги мешате овие термини, да го идеализирате жешкото ,,парче” што сте го одбрале за уживање со нешто што ќе ве боли. Зошто колачот да го измешате со нешто кисело?А сакате ли можеби да ве боли?!

Време е за убави нешта, а тоа значи да престанете да се повредувате и да верувате во чуда кои никогаш нема да се случат. Ако гледате дека се вљубувате и потсвесно ги читате сигналите на вашиот разумен однос кон светот, веднаш застанете со оваа врска, затоа што обичниот флерт, веќе преминал во нешто друго, што пред да заврши во кревет, сте мислеле дека е игра. Но, си играте ли навистина?!

GOLD
To Top