Новости

Женски муабети

Не очекувајте да знате се за него!

За разлика од жените кои се поопуштени, мажите се таинствени и не сакаат секоја нивна желба, мисла или сон да го откријат пред нивните партнерки. Тоа не ги прави себични, туку едноставни и разумни.

Во многу разговори помеѓу нас девојките и пријателките, сигурни сме дека повеќето пати сте дошле до заклучоци дека донесувате погрешни одлуки поради тоа што вашата тајна сте ја раскажале на многумина. Па после доволниот број на совети, на крај ќе завршите со некој погрешен чекор кој и самата знаете дека ако се прашувавте вие, не би постапиле така.

Сепак, треба да знаеме дека сте примиле добронамерни совети и дека и вие, доколку партнерот ја побара вашата помош за солуција на конкретен проблем, би биле добронамерни и искрени. Но, мажите имаат повеќе на ум, дека со проширување на темата тоа станува само како шоља чај во која постојано дотуруваме течност, што метафорично би значело:,,Премногу мисли и совети не би ја испразнале шољата односно не би го решиле проблемот!”

Затоа тие си молчат, а наш совет е да не го притискате партнерот да споделува работи кои едноставно сака да ги чува само за себе! Наместо тоа, олабавете со женската интрига, лутина и љубопитност! ,,Но, што пак толку крие?!” М?! Хах си го помисливте ова нели! Еххх жени…жени!

GOLD
To Top