Новости

Женски муабети

Не постои совршен брак. Еднаш кога ќе го разберете тоа, конечно ќе се чувствувате совршено!

Не постои совршрн брак. Еднаш кога ќе го разберете тоа, конечно ќе се чувствувате совршено, но сепак ќе бидете далеку од тоа.
Во денешно време имаме пристап до многу информации особено преку социјалните мрежи. Со оглед на тоа, вие денес не само што се оптоварувате со советите од пријателките, се споредувате со нивните или животите на случајните минувачи, туку следствено верувате, слушате, се преоптоварувате и најважно и ужасно се споредувате во обид да се пронајдете во советите од некои не толку познати автори кои тврдат или можеби лажат дека се психолози, па дури и брачни советувачи. Денес секој има пристап до интернетот. Постојат многу портали. Не велиме да престанете да ги читате, но не им верувајте потполно.


И во таквото ,,драматично шоу” вие може да се најдете себе си како заклучувате дека се наоѓате во ужасен брск. Зошто? Затоа што вашиот брак не ги слуша нивните правила и не го игра тоа нивно оро. А сепак ви е убаво? Е како тоа ви е убаво, а таму пишува дека вие не следите ни е едно правило?!
Клучот стои во тоа дека еднаш треба да сфатите дека не постои совршен брак. Расправиите се неминовни, лутината е составен дел од бракот, а за принцот и Пепелашка како така си живееле среќно до крајот на животот, не постои доволен репер за да ни каже како е тоа совршено.

Често во таквите текстови, ќе сретнете:,,Не смеете да се расправате! Не користете го терминот ,,развод”! Не смеете да имате секс помалку од три пати неделно! Несреќна девојка е онаа која упорно му кажува што тој треба да направи, а тој не ја регистрира нејзината желба! и т.н.” Епа сега е моментот кога треба да ги спаковате овие информации во еден колет и да ги фрлите во ѓубре. Зошто? Затоа што се е индивидуално и не постојат правила за успешен брак.

За некој романтиката е патетика, за некој е убава. Некој има избувлив темперамент, а некој не знае како да избувне. Некој не ужива во постојаните ,,жешки” ситуации во кревет и така побрзо ги густира,а некој е апсолутна спротивност на тоа.

Престанете да барате од пафтнерот да биде жена е најпрвото правило и престанете да им завидувате на другите парови. Она што тие го имаст го немате вие. Да тоа е точно. Но и она што вие го имате, епа многумина може само да сонуваат!

GOLD
To Top