Новости

Женски муабети

Имате сопруг или уште едно дете? – Еве кој е идеалниот модел за совршен маж според секоја жена!

Да се разбереме или да не се лажеме. Жените можеби навистина полудуваат по скапи брендови, облека, луксузни автомобили и накит.

Но, сето тоа би било беспотребно, штом дома имаат повозрасно дете наречено Сопруг!

Жените сонуваат и копнеат по совршениот маж кој сите знаеме што треба да прави! Но, прави ли? Постои ли таков? Еве по што навистина копнее секоја жена на планетава. Ова е совршениот модел на сопруг кој е далеку од на мама и тато детето:

– Да молчи кога ние зборуваме!
– Да не гледа фудбал ами наместо тоа, да се посвети на што повеќе романтични состаноци!
– Да мие садови, но да не се плетка во кујната!
– Да чисти со правосмукалка барем два пати месечно!
– Да не зборува кога ние зборуваме!
– Да толерира ПМС! ( и сепак да молчи)
– Почесто да не прегрнува!
– Да знае да се дотерува и да има истанчен вкус!
– Амбициозен, ведар и секогаш да знае да не расположи со беспрекорен хумор!
– Да ги поддржува жените и секогаш да биде од нивна страна!
– Но, од друга страна да биде ,,мачомен” и да не заштитува од секој и секого! Ако има потреба, да знае и да влезе во тепачка за нас!
– Сепак да не е насилен!
– Да пуши цигари, ако и ние пушиме цигари. Ако не, што бара да пуши! Тоа е порок!


– За него да е квантна физика моментот со исфрлени чорапи на среде соба!
– Да не разбира и тогаш кога ние не се разбираме!
– Да биде културен, однослив, фин, почн со самодоверба и пријатен во друштво! Но, не за понежниот пол! Тие само нека гледаат!
– Задолжително да ни дозволи пристап до неговата кредитна картичка и да не прави драма околу нашиот шопинг!
– Да ни го средува креветот секое утро!
– Да ни носи појадок во кревет!
– Да не почитува повеќе од неговите мама, тато и роднини до трето колено!
– Совршениот маж е феноменален дечар, посветен татко и со саати знае да ги анимира децата додека ние се релаксираме со пријателките на кафе!
– Се разбира да биде мајстор во кујната, а да не зборуваме за во кревет!
– Но, да разбира кога имаме главоболка и тогаш кога ја немаме, а сакаме да ја ,,имаме”!


– Да нема никаков порок!
– Да го почитува нашето семејство!
– Еднаш неделно да не носи на пикник и да биде креативен и полн со изненадувања!
– Да не ни помисли да има пријател во женски род на било кои од социјалните мрежи!
– Да биде убаво граден!
– Да не е љубоморен!
– И сепак да не сака и љуби и тогаш кога ние не се сакаме!
– И да…сепак… многу многу штикли!
Зошто?! Затоа што сме жени по демоните?! А што сакаме?! Па понекогаш и не знаеме, но кога сакаме да се исполни она што не знаеме дека го сакаме? Веднаш!

СН Брокер
To Top