Новости

Женски муабети

Никогаш немојте да се заборавите себе си, затоа што и најдобрата копија не е подобра од оригиналот

Љубовта не треба да биде тешкотија, не треба да биде товар и болка. Таа треба да биде чиста, искрена…

Многу од сингл девојките, штом ја поминат нивната триесетта како да некаде се брзаат и во паника бараат совршен партнер. Заборавете ја паниката и почекајте го оној кој заслужува да биде покрај вас. Оној кој ќе ви ја направи љубовта лесна. Оној со кого ќе можете да вдишете и да издишете со леснотија, без притисоци, без провокации, револти, измешани емоции, конфузни мисли.

Љубовта не треба да изгледа конфузно. Таа едноставно се чувствува со јасна и бистра мисла и не е сама по себе тешка, мрачна и можеби „мачна“. Одберете го оној со кого ќе можете да разговарате и да се смеете. оној кој ќе ве сака поради она што сте, а не она што се случува во неговата глава. Внимавајте на оние кои си замислуваат каква треба да бидете и објаснете им дека вие веќе се измисливте и доволно е да сопрете тука. Предоцна е за нова личност која ќе претставува некоја друга „вие“. Откријте го тој заткулисен потег кај партнерот и ако е таков, не се осмелувајте да го примите во вашиот живот, затоа што верувајте, дека не би сакале да направите од себе си некоја бледа копија што колку и да е добра, нема да биде оригинална. Затоа, не смеете да се заборавите себе си. Ако се заборавите, таа љубов не е за вас.

GOLD
To Top