Новости

Женски муабети

Облините порано биле на цена, но сега тоа го викаме ,,big size”!

Овие винтиџ фотографии зборуваат за девојките кои биле посакувани и покрај вишокот килограми – основниот проблем на денешницата.

Станува збор за рандом фотки од Pinterest од различни години од минатото, а целта ни е да ве потсетиме дека сте убави и со вишок килограми. ,,Облините” не мора да имаат име ,,big size”. Со самото нивно категоризирање, станува уште понавредливо за девојките со вишок килограми, кои да навистина, некогаш биле обожувани. Зошто мислите дека и сега не е така?

Истражувањата потврдуваат дека мажите сакаат повеќе облини, па според нас тие слаби девојки веројатно ги ,,измислиле” дизајнерите и го наметнале ваквиот стил само за да ја провнат нивната облека во нив. Веројатно немале повеќе кукли.

А жени како жени! Допираш до нивната слаба страна и таа одеднаш станува бренд на ,,слаби девојки”. Вкус и вкус можеби. Но, атрактивноста доаѓа пред се од самодовербата, потоа од облините, а потоа од тие две нешта заедно, припоени во фразата:,,Треба да знаеш да ги носиш твоите облини!”

Сакајте го вашето тело. Тоа е единствениот ваш храм.

П.С. Се извинуваме кон ,,скини моделите”. Нареден пат ќе ги ,,искамфузиме” полничките.

GOLD
To Top