Новости

Женски муабети

Овие холивудски актерки не се срамеа да ја покажат седата коса, а со тоа донесоа и тренд

Многу е интересен фактот што како да на мажите им е дозволено да ја пуштат седата коса и да имаат бели влакна, а за жените тоа е незамисливо.

Употребувањето на боја за коса кај мажите е некако дури смешно, а пак т.н. покривање на староста кај жените, едноставно како да беше задолжително. За среќа, (да не се лажеме) модата доаѓа од Холивуд, па освен што ја диктираат модните куќи, брендови, стилисти, постојат жени на кои цел живот им се угледуваме и се најдобра реклама. Жени кои го докажуваат спротивното и ги охрабруваат останатите припаднички на понежниот пол да постапуваат исто, што станува збор за стилизирањето на косата.

Ние со воодушевување ги поддржуваме во ова, но нескромно од наша страна, сепак не би рекле дека целосно ќе се откажеме од магијата на трансформација и производите за подмладување, па затоа би рекле…вие како сакате. Еве кои се холивудските актерки кои го поддржуват и поттикнуваат овој тренд.

Глен Клоуз

Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон

Мерил Стрип

Селма Хајек

Дајана Китон

Енди Мекдауел

Џуди Фостер

Хелен Мирен

Евротип
Евротип
To Top