Новости

Женски муабети

Постојано ве лажат! – Време ли е да им се одмаздите или што?

Чувствувате како да постојано ве изневеруваат. Како да сите си поигруваат со вас и вашата доверба. Ве земаат здраво за готово, а вие и понатаму се правите дека им верувате. Се разбира си ја повторувате онаа познатата: „Не е проблемот што ме лажете, проблемот е што мислите дека ви верувам!“ Но, сепак не правите ништо и не превземате ништо околу сето тоа. А всушност, што треба да превземете?

Едноставно, треба да престанете да се грижите за нивните постапки. Па макар и да се наменети кон вас, затоа што претпоставуваме дека штом вие знаете дека ве лажат, значи сте интелегентна и мудра личност, а тоа би значело дека и тоа како знаете да најдете начин да станете индиферентни на нивното однесување. Запомнете дека вие не одговарате за туѓите постапки, но запомнете и дека вие не треба да бидете бледа копија на оние кои ве лажат и на оние кои ве изневеруваат.

Погледнете се во огледало, гордо исправете се и ако имате можност да го промените тоа токсично опкружување, искористете ја таа можност, но ако ја немате таа шанса и неизбежно е да останете во тој злобен магичен круг, едноставно останете смирени и индиферентни. Немојте да се одмаздувате, но време е за малку стратегија нели? Па во контекст на ова, ние тврдиме дека е време за индиферентност кон нивната лага. Ако веќе молчите, навистина молчете. Ако се правите дека не ве болат нивните неверства, навистина нека не ве болат. Не ја лажирајте барем вашата вистина, затоа што вашиот свет е оној во кој сакате да останете и да уживате. Не го преполнувајте со разочарување.

GOLD
To Top