Новости

Женски муабети

Правила во љубовта не постојат и што повеќе се трудите да ја најдете, толку сте подалеку од неа!

Правила во љубовта не постојат и што повеќе се трудите да ја најдете, толку сте подалеку од неа! Тогаш што треба да направите? Сте слушнале ли а трпение и спонтаност?

Постои ли математичка формула за заводливост? Што требало да направи жената за да го заведи или обратно? Дали сме сигурни дека не живееме во филм? Ако нештата имаат правила и ако се знае точно што се бара, без маана и онака како што е создадено во умот на оној кој бара, тогаш веројатно деведесет посто од браковите се намерни, претенциозни, договорени, вештачки. Сигурни ли сме дека имаме јасна идеја за љубовта?

„Еј оној ми се допаѓа. Како да го заведам?“ И „се качиш“ на случајот без ралика колку е сето тоа недостапно и туѓо. И покрај милионите одбивања сеуште си таму. Има многу реализирани приказни од ваквите „проекти“, па на крај другата страна попушта, „па ајде нека и биди“. И се тоа подоцна си оди по истиот редослед.  Ајде нека биди брак, па ајде нека бидат деца, па ајде… Тука би дошле до поентирањето: „Па зошто да не!“ А треба ли туку – така да го донесиме животот во таквиот безизелез: „Па зошто да не!“.

Постои ли точна математика и правила каква треба да биде една жена за да биде допадлива на мажот и сите да и „јадат од рака“? Заводливоста во прекумерни граници е вештачки однос и тортура пред се кон себе си, па следејќи одредени примени што би ги читале ете баш тука на социјалниве мрежи, би избегале од себе си, а тогаш…тогаш кои сте вие и која е онаа во која се вљубил господинот навидум вистински. Апро по, не велиме да не и дадете шанса на врсрката. Но, потрудете се сето тоа да биде поспонтано. За цела таа слика, вие не треба да бидете совршениот пакет без недостатоци, со совршена панделка како подарок. Барајте го она во кое ќе најдете љубов, вистинска, спонтана или токму онаква каква што вие сакате. Бегајте од правилата и бидете вие, но сепак следете го основниот бонтон. Љубете искрено, но сепак барајте и мудрост, стабилност, амбиција и добрина кај партнерот. А цела таа „финта“ и трикови со заведувањето, веројатно би требло да им ги оставиме на филмовите.

За крај, романтиката е нешто што би требало да се случи спонтано и не, не е тоа само „палење свеќи, амбиентално светло, фотка на интернет“. Романтика може да се случи од ведро небо, на место каде најмалку сте очекувале, од човек кој најмалку сте мислеле дека ќе ве држи за рака целиот живот. Најпрво, проверете која сте вие, откријте ги и поправете ги вашите недостатоци, а ако пак некои баш ви се допаѓаат пробајте да ги споделите со партнерот. Прифатете критика, но никако не се оттуѓувајте од себе си, затоа што ТОЈ треба да се вљуби во вас, а не во некоја амислена особа која ја креирате. Се разбира и вие треба да се вљубите во него, а не во некој по кого копнеете да биде. атоа, потрудете најпрво да сфатите дали токму таму ви е местото? Не постои стереотип и совршен пример на кој треба да се огледаме за убавина. Тоа е едноличност. Ист аутфит, исто однесување, исти мисли. Тоа е утопија. Не постојат правила во љубовта и што повеќе се трудите да ја најдете, толку сте подалеку од неа.

Во машкиот ум не постои толкава интрига како што тоа жената може да го замисли. Ако не се јавува не е заинтересиран и толку. Ако сака да се јави, ќе ве побара и толку. А ако не знае што сака и го има, па го нема, тој не е за вас. Дозволете си место каде ќе има проток на двете енергии и не се затворајте во тесен круг. Дозволете и простор на спонтаноста и верувајте дека токму таква каква што сте, навистина ќе му се допаднете некому. Нема потреба од лажен маркетинг кој ќе создаде лажна врска, ќе заврши во лажен брак и лажна вистина. Доста е од таквиот феик универзум.

Во љубовта нема правила!

Евротип
SNBROKER
To Top