Новости

Женски муабети

Престанете да бидете жртвата во секое друштво само за да привлечете внимание!

,,Не ми стигаат финансии, вие можете да уживате, а јас не!”
,,Ох тешко на мене, многу ме боли главата!”
Кога некој ќе ви каже дека бил на излет и добро се одморил, вие му велите:,,Лесно ти е тебе, јас се преуморив!”


Овие и слични коментари навистина сметаат во друштво. Самосожалувањето и акцентирањето на зборот ,,Јас”, нема да ви помогнат да бидете добра пријателка. Зошто мора секогаш да постои споредбата со вас?! Зошто мора секому да се пожалите и да раскажете колку ви е тешко и колку ве боли, иако некогаш и не е се толку црно како што вие го предимензионирате.

Овие симптоми означуваат ниска самодоверба и барање внимание. Но, треба да разбереме дека некогаш не сме ние во преден план, а ако сакаме да сме, постојат и други начини да го привлечете вниманите. Наместо да се самосожалувате и да изгледате љубоморна и полна со завист, измислете некои други реални начини со кои ќе го задржите вашето пријателство и сепак ќе ја почувствувате наклонетоста од другите.

Самокритиката е многу значајна за солуција на проблемите со вашите разнишани пријателства, бидејќи ако сте еден од овие типови, сигурно полека ќе останите сами.
Затоа ставете насмевка на вашето лице и престанете да глумите жртва!

GOLD
To Top