Новости

Женски муабети

Разберете дека има луѓе кои ве сакаат, но има и такви на кои не им сте по волја!

Престанете да очекувате нешто од оние кои едноставно не ве сакаат!

Мора да сфатите дека и најдобрите и најлошите ,,реклами” се најповеќе гледани, но едноставно мора да станете свесни за лошите.

За тоа дека постојат луѓе кои критикуваат, но ве критикуваат и вас. Намерно или можеби ненамерно, вие едноставно не сте дел од нивниот свет, не сте парче од нивната душа и не вибрирате позитивно во нивниот универзум.

Постои минус и плус и не можеме сите да бидеме оној ист дел од сложувалката што на секого му недостасува. Престанете да очекувате многу од луѓето на кои едноставно не им сте по волја.

Постојат особи кои постојано ветуваат. Ветуваат дека ќе ви ги симнат ѕвездите, ќе бидат покрај вас, но едноставно не се. Знаат магично да испарат, па макар и за еден едноставен ,,кафе муабет”.

Размислете околу ова и соочете се со фактот дека едноставно вашата енергија некои не ја примаат. Колку и злобно да звучи, направете селекција и не мора секогаш да ја барате вината во себе. Не сте виновни вие. Тоа е баланс во светот. Некој не креирал така, па без разлика во што верувате и на што се молите, прифатете ги оние кои ве сакаат, но прифатете ги и оние на кои не им сте по волја. Не ги обвинувајте, не ги осудувајте. Полесно е штом знаете како стојат работите и кои се оние кои се тие кои не се откажуваат од постојаното вртење околу вашиот универзум.

Веројатно се се случува со причина и не е залудно што не им сте омилени. На крајот на краиштата и вие имате некои што не ви се омилени, а сепак не знаете зошто.

Па не мора на сите да им се допаѓате! Најважно е да си се допаѓате вие сами штом се погледнете во вашето огледало!

GOLD
To Top