Новости

Женски муабети

Сакате да бидете среќни или да бидете во право?!

Еден мудар човек некогаш пробал да објасни зошто двајца вљубени го повишувааг тонот штом се расправаат. Тој вели дека што повеќе викаат, нивните души се оддалечуваат, и со зголемување на тонот на гласот, тие всушност наоѓаат начин да се доближат до душата на партнерот. Штом пак тие се смирени и не се расправаат, зборуваат тивко, а штом пак се вљубени тие дури и молчат.

Постои филтер чиј проток на енергија треба да го ослободиме или можеби ,,одзатниме”! Многу мисли, многу негативна енергија, бомбардирани сме од информации кои се однесуваат на нашиот потесен круг, на поширокиот, па дури и на светско ниво. Во сета таа достапност до информации, за жал нашиот мозок ја селектира само лошата и негативна дразба.

И често пати се запрашуваме и преиспитуваме кога сме дошле до тука?! Како ли се случи оваа непотребна караница?! Од старт знаеме дека е непотребна, што значи можеше и да не постои, но ние сме ја проектирале. На нашкот ум најлесно му е да се задржи на најлесната карика, а тоа е да се откажи од борба кон убавото чувство и да расипи се. Тешко е да изградиш, но најлесно е да рушиш се пред себе. Апро по, премолчете некогаш колку и да сте во право. Гледајте на ведрата страна и не барајте проблем кој го нема. Не ви треба ,,извини”.

,,Извини” е за егото, а среќата е за двата!

Научете да живеете за вас двата, не само за себе! Има разлика што само во спокојна тишина би станала јасна!

GOLD
To Top