Новости

Женски муабети

Себични ли сме ние денешниве родители?

Во еден неформален разговор со пријатели, оние кои ја држеа спротивната страна на мостот од т.н. дебата, дојдоа до заклучок дека современите родители се себични. Зошто?! Родителите некогаш се концентрирале само кон децата, тврдеа тие, а пак денешните родители биле разгалени и постојано го барале својот одмор и издишка.

Во овој ,,Гард” или ,,кинески ѕид”, никако не можев да докажам дека ние потполно исто ги сакаме нашите деца, но според лично мислење, се прилагодуваме на денешните услови, а според нив трката што треба да ја истрчаме е побрза од онаа на нашите родители. Сакаме да одвоиме време и за нив, но и за нас. Зошто? Среќни родители, среќни деца. Ете затоа.

Никој не е себичен доколку може да овозможи малку одмор од социјалното општење, дружење, работата, домаќинството, животот, па и родителството. Се разбира не зборуваме за ,,паранормална” издишка каде потполно ќе исчезнeте и одморот ќе си го сфатите премногу сериозно, ами зборуваме за тој еден час, два од денот во кои ќе бидете потполно сами и ќе се консултирате само со вас. Дали ќе седите во тишина или ќе шетате во парк или можеби ќе пиете кафе, зависи од вашите афинитети, но последователното искуство на ,,собрани мисли” и јасни емоции е неповторливо. Зборуваме за толеранција, а не за себичност. Според авторот, себичност е ако постојано (и да можете да ,,ескивирате”) сте со нив или постојано сте родител. Настанува интолеранција, никакво трпение, намален серотонин, замор и тага што му претходи на недоволниот сон. А тие емоции негативно се рефлектираат врз вашите најмили. За момент оставете ја кујната, алиштата, пелените или учебниците. Направете пауза и погледнете се.

Избегнете го ваквиот ,,вакуум” од Балкански совети и од време на време запрашајте се која сте вие како личност, не само како родител. Потоа направете план и со чиста глава, сфатете дека не сте совршени ни вие, ни родителот во вас. Но, доволно е што правете токму онака како што Вие мислите и умеете. А не како што другите ви диктираат.

GOLD
To Top