Новости

Женски муабети

Секоја жена има свој избор, па дури и ,,пластичарките”

Во последно време како да целата светска популација е свртена кон овие ,,пластичаркиве”. Па сега следи муабетов зошто не седа коса, треба да се прифати староста онаква каква што е, убави се брчките што им фали, природно си е природно.

Во овој текст, не би алудирале и не дека го поддржуваме вештачкиот изглед на ,,принцезите”, но зошто па да им се мешаме. Секој си има свој свет или…секој во свој филм. Некако е клишето:,,Ако е нашминкана, скоцкана и не дај боже со ботокс и филери, грам мозок немала!” Од кога судиме по изгледот?! Од кога судиме по непишаните правила и од кога сме смислиле воопшто ,,кодекс на размислувања”.

Од она што го гледаме, некако полесно ни е да излеземе со скинати алишта и без грам шминка и да си речеме: ,,Природно си е природно!” Денес негуваните жени се глупави и живеат во вештачки свет!

Ајде сега обратно за да нема збрка во коментари и мислења. Светот е претворен во една голема реклама каде лажиме дека имаме прекрасни животи, со фотошоп си ги покриваме брчките или онака ,,кежуал” се фоткаме, како не ни е гајле за изгледот.

Според мислење на авторот, лажат и едните и другите, сите ,,рекламираме” совршенство, а забораваме како тоа навистина се прави. Совршенството не стои во критиката мои драги дами. Имам многу пријателки со ,,филери” и без ,,филери”. И едниве и другиве се женишта! Зошто? Оти убавината е од внатре и мене не ми е баш гајле дали трошеле богатство на прамени за коса, клепки, оделе на маникир или пак си ги сакале или не брчките и седата коса. Секој со своето право на мислење. Секоја жена има право на свој избор и нема потреба од наметнување.

Па ако си сакате да стареете природно ок е, но зошто да ги критикуваме оние кои не го сакаат тоа! Вистина е дека ,,облеката” ја претставува душата, но има и нешто друго кое треба да ја претстави душата. Добрината, сочуството, разбирањето и светот без критики и дрски навреди кои секогаш не мора да го наметнуваат ставот.

Евротип
Евротип
To Top