Новости

Женски муабети

Секојдневието и животот на мајките низ хумористични фотографии

Ако сте мајка, сигурно според насловот претпоставувате за што зборуваме. Уморот е една од главните причини за „урнебесниот“ изглед на жените, па како неизоставен дел од животот, мајките се трудат да престигнат апсолутно се. Работа, домашни обврски, хигиена, куп садови, алишта, деца, храна, ручек…Уф!

И само што ќе си речат дека ќе се одморат и ќе го направат она што го сакаат, слушаат само едно големо повторувачко: MAMAA!

Погледнете го токму тоа секојдневие низ хумористични фотографии што ги сретнавме на Pinterest и кои навистина ќе ве насмеат. Сепак, ако сте мајка, би ве утешиле со фактот дека не сте само вие на светов кој заслужуваат нобелова награда за издржливост и наклон до земја затоа што тоа го можат само жените.

„…Затоа што секогаш изгледаш вака, а твојот сопруг сеуште те нема напуштено!“

„Моментот кога сфаќаш дека иако ги сакаш твоите деца до месечината и назад, сепак ти треба одмор од нив!“

Како се фотографираш за на инстаграм, а како изгледаш всушност во реалноса.

Моие деца по цел ден: „Мама! Мама! Мама! Мама!!!“

Мигот кога ќе сфтиш дека и тоалетот не е повеќе приватност.

Кога сакаш малку одмор и се криеш! А децата те откриваат:„Мама што правиш?“ или…

Едноставно, сфаќаш дека си мајка кога не можеш да се сетиш што значеше зборот приватност!

Евротип
SNBROKER
To Top