Новости

Женски муабети

Се е во нашата глава, па убаво е од време на време да знаеме да прифатиме критика

Нерасположение, анксиозност, солзи, расправии, депресија. Но, најлошо е ако стигнете до рамнодушност и индиферентност особено кон работите и навиките кои некогаш сте ги сакале и ве исполнувале.

Ако ги забележувате овие знаци, веднаш консултирајте се со психолог и побарајте помош. Не дозволувајте да ја оставите пандорината кутија, туку така лесно.

Дозволете си да го откриете вашиот проблем, па се разбира на самиот почеток согледајте ја причината поради што сте тажни. Погледнете ги сите причини кои ве донеле до конечната појдовна причина за ваквото расположение. Со други зборови, запрашајте се како сте стигнале до овде.

Сепак, не посегнувајте веднаш по таблети и антидепресиви, но ако едноставно болката не прекинува, време е да се консултирате со стручно лице кое ќе ви даде одредена терапија. Следете ги правилата и не дозволувајте да ескивирате и да го искиростите ножот со две оштрици, па да станете зависник.Следете ги упатствата и не измачувајте се себе си.

Секој има причина да живее на овој свет. Ништо не е за ,,џабе”, а вие не дозволувајте да изгледа дека се е пропаднато. Царувајте со вашиот живот и време е како капетан на бродот да ги кренете едрата и да ја промените насоката што ќе ја концентрирате кон сонцето.

На почеток нема да ви се виде толку светло и магично тоа сонце. Можеби нема да го видите. Можеби нема да сакате да го видите или можеби ќе бидете индиферентни кон светлината. Но, има еден порив внатре во нашето битисување и се вика борба за опстанок.

Ќе биде тешко, да не се лажеме. Ќе има солзи, но не се откажувајте. Присилете го секој атом од вашиот свет да почне да живее. Наметнете му го животот на вашето алтер его и помрднете се од таа мртва и безлична точка. Изреволтирајте се, прифатете критики од време на време, но станете нервозни и нападни кон онаа летаргична особа во огледалото само за да ја промените. Помрднете го денот од истото место, излезете од едноличноста, променете нешто на себе си, во местото, домот и околината.

Нешто ново направете и сфате го ,,луксузот” и чудото што воопшто сте тука!

GOLD
To Top