Се разведила и сега добива паричен надомест за домаќинските работи што ги извршувала во бракот!

И потта на домаќинката има цена: Судот наложи мажот да и плати на жената за домашните работи
Отпрвин не сакала да се разведе, а потоа решила да добие се што може. Жениште!
Судот за развод во Пекинг наредил мажот да и плати на поранешната сопруга за домашните работи кои ги правела за време на нивниот брак. Таа ќе добие 50.000 јуани за пет години неплатена работа.
Необичната пресуда беше донесена откако во Кина беше воведен нов граѓански законик.
Според судските записи, маж по име Чен поднел барање за развод минатата година од неговата сопруга Ванг по пет години брак.
Отпрвин не сакала да се разведе, но набрзо решила да бара парична отштета, тврдејќи дека Чен не извршувал ништо од домашната работа и дека не презема никакви обврски во однос на нивниот син.
Судот во Пекинг пресуди во нејзина корист, и одреди алиментација во износ од 2.000 јуани месечно. Покрај тоа, тој ќе мора да и плати 50.000 јуани за пет години работа дома.
Овој случај предизвика онлајн дебата за вредноста на домашните работи, а некои корисници на социјалните мрежи исто така тврдат дека оваа сума е мала. Хаштагот направен на Weib, кинеската социјална мрежа, направен во оваа прилика е прегледан повеќе од 570 милиони пати.
Извор: 24sedam.rs
