Новости

Женски муабети

Сингл девојките имаат многу повеќе моќ, а не се ни свесни

Избегнувајќи го тоа класично ,,табу”, овој пат нема да зборуваме како и зошто сте останале сингл, што треба да направите и слично. Наместо тоа ,,клише” кое изгледа како депресивна досадна веќе позната констатација неосновано базирана и искажана, овој пат би зборувале токму за спротивното. Или поточно би поентирале на позитивните страни од ,,врската со себе.”

Нештата се промениле низ годините па сега не е воопшто чудно да си сингл. Се повеќе луѓе се одлучуваат на оваа варијанта, а ние размисливме зошто.

*Тие имаат повеќе време за себе
Ако сакаат да шетаат, го прават тоа. Ако сакаат да седат дома, никој не ги спречува. Ако им текне да патуваат низ светот, да се најдат на чудни места, да лудуваат во меѓупросторот на сонот и реалноста, тие го можат тоа.

*Тие имаат широк круг на пријатели и со сите успеваат да остварат контакт

*Тие го имаат целото време на светот за да научат повеќе
Некои луѓе откако истанале сами и не се повеќе во врски, научиле како да се сакаат себе си.. И тоа многу повеќе од оние во ,,паралелниот универзум”

*Знаат што сакаат и полесно добиваат

*Имаат успешни кариери и се грижат за своето здравје и спортуваат

*Тие ќе знаат многу добро ,,Како” штом ќе ја најдат другата половина, без која и онака знаат сами да се снајдат. Затоа што тие, научиле да живеат сами, да се борат, да се соочуваат со секој проблем без туѓа помош. А денес, тоа значи моќ која сите ја посакуваат.

GOLD
To Top