Новости

Женски муабети

Сингл после 25тата – Што треба да направите со притисокот од околината?

Сеуште сте сингл, немате партнер и да! Барате, сакате да бидете во врска, но залудно е. Едноставно не се појавува таква шанса која чудесно ќе триумфира во врска која можеби ќе се круниса со брак.

И како да е малку овој притисок, па мора да се случи тоа познато ,,клише” каде околината додава масло. Зошто? Епа ете затоа. Не знаеме и никој не знае. Не ни претпоставувајте дека тој притисок ќе застане и дека луѓето еден ден ќе престанат да ви делат совети дека ви е доцна, дека треба да се омажите, дека е време и т.н. Никогаш нема да престанат, а на што се должи тоа…Бог знае!

Лекот е да престанете да ги слушате нивните мислења! Уверете се дека вие се наоѓате токму на тоа место каде што и треба да бидете. Во ред е да си жена, мајка и да имаш деца, но исто толку е во ред и да имаш 30 мачки и да си сама. Но, во никој случај не е во ред да очајувате! Сепак, жалам, но глупаво е да очекувате и чудо кое ќе ве извлечи од ,,проблемот” кој всушност се случува во вашата глава. Никој нема да ве спаси и принцот на бел коњ постои само во бајките и романтичните комедии.

Време е да слезите на земја и реално да ги разгледате приликите и можностите. Запрашајте се кои сте вие и што сакате, но запрашајте се и покрај кои ситници можете да преминете. Спуштете го ,,гардот” и гордоста. Научете да дадете шанса дури и на она на кое најмалку се надевате. Сепак, уживајте во она место каде што сте, искористете го времето само за вас, учете, надоградете го вашето знаење и шармирајте го најпрво вашето огледало.

А дали ќе дојде принцот, нека се прашуваат тие. Измислете филтер за притисокот кој го чувствувате од околината и уживајте во токму она издание кое ве претставува вас на овој свет.

GOLD
To Top