Новости

Женски муабети

Смели, искрени и по малку лошички женски совети за да разбиеме монотонија

Деновиве, месециве, годиниве… Или поточно откако се појави интернетов, се нешто читаме статии кои советуваат, мотивираат, кажуваат за доброто на светот, луѓето, целта, успехот, љубовта… бла бла бла!

Епа некако авторот одлучи дека е доста со такви ,,добронамерни и наивни мислички”, па малку спротивно, да слушнеме и останати рандом совети од оние кои биле во вистинскиот оган, па не советуваат и поучуваат од прва рака. Не се работи ни за познати психолози, нити пак незнајни автори, (како овој што моментално го пишува текстот.) Злобнички совети од рандом искусни луѓе што ги имам сретнато низ животот. Можеби и не се совети, но се моменти каде нсвистина им прелила чашата, а дали се тие добри личности?! Па кои сме ние да им судиме.

,,Ако не беше злото, тогаш како ќе постоеше доброто и обратно. Светов без зло би пропаднал во анархија. Не значи да бидеш злобен, но ако веќе се мора…”

,,Престанете да гледате на светот со розови очила. Одамна завршивме со локуми на нивните камења! ”

,,Тој ме сака, а и јас исто. Макар и да има девојка. Не гледам тука каде има опструкции! Нели љубовта нема граници?!”

,,Да се биде мајка е тешко, но уште потешко е ако си дозволите да заборавите да одите на високи потпетици! Или не дај Боже да имате долен веш во беж боја!”

,,Целта е убава, моќно е да си таму, а да… понекогаш и средствата се оправдани.”

,,Да се разбереме. Мажите знаат и да готват и да чистат и да пеглаат и перат! Можат и можеби ќе посакаат, но ние не го сакаме тоа!”

,,Она што е далеку од душата е далеку од очите! Пробај, замисли се таму и не гледам зошто да не бидеш!”

,,Не бидете единствениот добар во светот, ако тој е пијан. Само трезниот може да му наштети.”

,,Да бидеш љубовница значи да искусиш една страсна приказна што ретко кој ја доживува. А животов е еден и не е толку фин како што мислите! ”

,,Престанете да кукате! Ми се гади од хипохондрици, хејтери. Наместо да сте безнадежни, бидете дрски. Ако треба и кон себе си! Само не го правете тоа!”

,,Борете се за љубовта. Колку и да боли! ”

,,Не се плашете од стравот, туку полудете го со вашиот гнев и нервоза! ”

,,Не ги разбирам луѓето што не ја разбираат уметноста. Таму е толку празно. Не знаат што пропуштаат. Но, изгледа не се трудат доволно.”

,,Тој е беден и не знае што сака. Време е да си го спакуваш ,,ѓубрето” и да бегаш од тоа место. А потоа, да не се лажиме…Одмаздата е слатка и срцето не се лечи! Не постои временска шуплина каде ќе ти стивни душата и ќе заборавиш на се! Нема да престане, но ќе боли помалку!”

Евротип
Евротип
To Top